За девет месеци геодетите треба да изработат 200.000 елаборати

Bez autora
Sep 17 2013

Бројните опомени дека ризикуваат да останат без тапии за имотите, не ги исплашија околу 200.000 граѓани и фирми кои уште пред три години поднеле барања за легализација на дивоградбите, а до денеска не обезбедиле геодетски елаборати за нив. Рокот до кој треба да ја извршат оваа обврска истекува за девет месеци, но геодетите предупредуваат дека нема многу време, зашто ако не побрзаат со нарачките, тие нема да стигнат да ги изработат. Во јуни директорот на Агенцијата за катастар на недвижнини, Славче Трпески, информира дека од вкупно над 343.000 барања за легализација, геодетски елаборати се изработени само за 128.630, што значи, во наредните девет месеци треба да се порачаат и да се изработат уште околу 200.000. До денес, три месеци подоцна, ситуацијата воопшто не е променета и бројките се исти, информираат од Комората на геодетски фирми.

За девет месеци геодетите треба да изработат 200.000 елаборатиБројните опомени дека ризикуваат да останат без тапии за имотите, не ги исплашија околу 200.000 граѓани и фирми кои уште пред три години поднеле барања за легализација на дивоградбите, а до денеска не обезбедиле геодетски елаборати за нив.

Рокот до кој треба да ја извршат оваа обврска истекува за девет месеци, но геодетите предупредуваат дека нема многу време, зашто ако не побрзаат со нарачките, тие нема да стигнат да ги изработат.

Во јуни директорот на Агенцијата за катастар на недвижнини, Славче Трпески, информира дека од вкупно над 343.000 барања за легализација, геодетски елаборати се изработени само за 128.630, што значи, во наредните девет месеци треба да се порачаат и да се изработат уште околу 200.000. До денес, три месеци подоцна, ситуацијата воопшто не е променета и бројките се исти, информираат од Комората на геодетски фирми.

- Ситуацијата не е променета подолго време. За три години се изработени околу 130.000 елаборати, а сега за девет месеци треба да направиме уште 200.000. Ако сите го чекаат последниот момент за да порачаат елаборат, геодетите нема да стигнат да ги изработат. Не знам што е причината за ваквата состојба, можеби граѓаните немаат пари, а можеби се и незаинтересирани - вели претседателот на Комората, Борис Тунџев.

Во државата има 149 геодетски фирми и тие уверуваат дека имаат капацитет до крајниот рок да ги изработат сите 200.000 преостанати елаборати, под услов порачките да пристигнуваат во континуитет во деветте преостанати месеци. Но, ако се чекаат последниот еден или два месеца, како што се чекаше последниот ден за поднесување на барањата за легализација, геодетските фирми ќе немаат доволно време да ги завршат сите процедури и некои граѓани или фирми неминовно ќе останат без овој документ, а со тоа и без имотен лист за објектот. На ова освен геодетите во повеќе наврати предупредија и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и директорот на Катастарот, Славче Трпески, но соодветен одговор од поднесувачите на барања за легализација се уште нема.

Интересен е податокот дека над 10.000 изработени елаборати подолго време стојат во геодетските фирми, зашто нарачателите не ги подигнале. Се оценува дека трошокот за изработка на овој документ потребен за легализација на дивоградбите не би требало да биде пречка обврската да се заврши на време, зашто цените во нашата држава се најниски. Според геодетите, во одредени случаи за објекти до 50 квадратни метри се наплатуваат само трошоците за изработката. Освен ова, најранливата категорија граѓани, социјално загрозените, добиваат можност за елаборатите да плаќаат половина цена. Оваа владина одлука треба да стапи во сила наскоро, по објавувањето во Службен весник и ќе се однесува за околу 20.000 социјално загрозени семејства кои поднеле барања за легализација на дивоградбите во кои живеат.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik